Во пресрет на одбележувањето на 100 дена од својот мандат, Владата денеска ќе одржи тематска седница.

Како што информираат од владината прес-служба, по истиот повод во петок во Националната опера и балет, ќе се одржи Форум на кој се поканети претставници од медиумите, дипломатскиот кор, стопанските комори и граѓанските организации и здруженија.

На Форумот ќе се дискутира за постигнувањата на Владата и министерствата во изминатите 100 дена по принцип на прашања и одговори.