Темелна реформа во ЗЕЛС
Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓоргиевски смета дека е потребна темелна реформа преку која никој во иднина нема да се соочува со проблем како во изминатиот период граѓаните на Скопје. Според Ѓоргиевски состојбата во метрополата е алармантна.
„Треба да се донесат законски измени кои ќе бидат одржливи на долг рок. Не да бидат моментална интервенција поради нефункционалноста на една општина, град или која било институција, туку да бидат издржливи решенија на долг рок. Мој личен став е дека не е добро тоа да се случува во рамките на Советот, затоа што тогаш би се оставил простор за манипулација, за групирање, за злоупотреби и слично. Постапката да биде во рацете на граѓаните“, вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.
Проблеми со функционирање на јавните претпријатија
Сметката на ЈСП и натаму е блокирана, директорот не одговори колкав е долгот на претпријатието кон добавувачот за нафта, ниту како ќе се вратат позајмените државни резерви за гориво. Автобусите на ЈСП иако редуцирани, успеваат да сообраќаат според возниот ред.
Хаос со градскиот превоз во Скопје, нема нафта за автобусите на ЈСП – граѓаните гневни
Јавниот превоз не е единственото прашање кое предизвикува голгота кај скопјани. Има проблем и со Комуналната хигиена, нефункционалноста на Паркови и зеленило, а првпат и со Водовод и канализација – посочуваат од ЗЕЛС.
Казни од 4.000 до 6.000 евра за создавање диви депонии
За оние кои неодговорно фрлаат смет на несоодветни локации, што доведува до создавање диви депонии, се предлага казните да се зголемат од сегашните 50 до 200 евра на многу повисоки од 4.000 до 6.000 евра. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека веќе е подготвен предлог-закон за општински полициски сили. Наведе и дека во наредниот период ќе има разговори со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Дали Владата ќе се спогоди со Град Скопје?
Власта не се откажува да помогне за решавање на проблемите во јавното претпријатие. Сепак, не се исклучува можноста во наредниот период да се разгледа и опцијата за одземање на ингеренциите на Град Скопје за раководење со ЈСП.