Времето ќе биде сончево и топло. На повеќе места ќе дува засилен ветер од јужен правец, наместа над 60 километри на час. Во ноќните часови кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време.