Времето денеска со студено утро, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -6, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко.

Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени.

Ккао што информираа од УХМР, во понеделник и вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка.

Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег. Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во пораст.