Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Температури до минус 13
Минималната температура ќе биде во интервал од минус 13 до минус 5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Врнежи од снег
Утре пак, во западните предели ќе има врнежи од дожд и од снег на пониските места. На повисоките населени места и на планините ќе има врнежи само од снег.
