Кинеската компанија Тему објави дека повеќе нема да испорачува стока од Кина за САД. Ова е како одговор на новите царински мерки воведени од американската администрација. Оваа одлука дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина правилото „de minimis“.
Тоа правило дозволуваше увоз на стока во вредност до 800 долари без плаќање царина.
Според извештаите на порталот Tech Crunch, оваа промена доведе до зголемување на увозните давачки за американските купувачи на Тему, со даноци кои се движат од 130 до 150 проценти. Како последица, компанијата реши да престане да ги прикажува производите од Кина како достапни на нејзината платформа. Моментално се фокусира на понуда од американски магацини.
Американските потрошувачи, досега уживаа во поволностите на увозот без царински обврски. Сега се соочуваат со високи давачки, што ја променува динамиката на пазарот. Тему го објасни овој потег како резултат на новите, значајно поостри царински мерки, кои ги ограничуваат опциите за увоз од Кина.
Оваа одлука ја одразува растечката напнатост помеѓу САД и Кина во областа на трговијата и ќе има значајно влијание на онлајн трговијата помеѓу двете земји.
Извор: Курир