Денешната средба беше одржана за да почнат разговори за евентуално учество во владата на Алтернатива, бидејќи веќе е познато дека позицијата, но и опозицијата имаат 60 пратеници и ниту една страна нема мнозинство, пишува InfoShqip.
Од блиски извори, InfoShqip дознава дека средбата првично почнала тензично каде премиерот Зоран Заев се посрамотил од лидерот на Алтернатива Африм Гаши, бидејќи тој зборувал за градење на државата и поднел високи барања.
Гаши од почетокот на средбата отворено и сосема јасно се изразил, посочувајќи му на премиерот дека ако Алтернатива ја гледа само како 4 броја, нема потреба да се продолжуваат разговорите бидејќи Алтернатива е иднината на оваа држава.
InfoShqip дознава и дека Заев предложил нов мандатар.