Вчера во полицијата било пријавено дека на подрачјето на општина Центар, за време на изведување градежни работи на објект во изградба, дошло до физички напад меѓу двајца работници.

Според пријавата, Б.С. (38) од Скопје бил нападнат од М.Р. (39) од Куманово.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против напаѓачот.