Денеска (29.12.2022) во 02.05 часот во СВР Скопје, З.М.(28) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачје на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, тој и А.Р.(30) од Скопје биле физички нападнати од И.Б.(46) од с.Стајковци, скопско и К.Т.(20) од с.Инџиково, скопско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.