Четириесет и шестгодишниот Б.Ќ. од гостиварско село вчера (25 април) во 20 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 18 часот и 30 минути во неговиот семеен дом тој и малолетниот син биле физички нападнати од малолетник од селото, инаку вереник на ќерката на
Б.Ќ..

Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.