Од болка до политичка манипулација

Трагедијата во Кочани што ја потресе јавноста остави зад себе човечки загуби и семејства во жалост. И додека граѓаните бараат одговори и одговорност, случувањата во Советот на општина Кочани, дополнително го разгореа гневот и незадовилството меѓу народот.

Советникот  Аки Акиов, коалиционен партнер на СДСМ  нападна жена

Аки Акиов, советникот во општина Кочани од Партијата за Демократски Просперитет на Ромите (ПДПР), коалиционен партнер на СДСМ  вчера беше во „центарот„ на вниманието. Според повеќе видеа кои се појавија во јавноста  и сведоштва, тој буквално нападна жена

А.А. се обидел физички да го нападне В.А. и употребил тврд предмет, но бил спречен од други присутни. Во текот на инцидентот, А.А. фрлил и шише со вода, при што во лице погодил вработена во општинската администрација. Повредената е пренесена во здравствена установа за укажување медицинска помош. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.стои во пријавата на МВР.

Тој во минатито  бил вработен како раководител на Одделението за јавна чистота во КЈП „Водовод“ – Кочани. Неговата „кариера“ почнува пред околу три години, кога почнува да се жали дека по промената на власта трпел мобинг од страна на директорот на „Водовод“ и на градоначалникот на Кочани, и се наоѓал во тешка состојба поради претрпена психичка и физичка болка.

Акиов постојано глумел жртва, па така  се пожалил дека од „Водовод“ му го одбиле барањето да добие користење на годишен одмор, па обвинувал дека  лица кои добивале тендери, му носеле пари во вреќи дома, се до вчерашниот ден кога го покажа своето вистинско однесување – агресивно, нестабилно и опасно по живот.

Акиов најпрво хистерично довикуваше, па сакаше физички да се пресметува, за на крај фрленото шише да заврши кај жена. Па, наместо во главата на „копелето“ од ВМРО-ДПМНЕ – советникот Мирче Стојков ( како што тој го нарече) тоа заврши во главата на правничка.

Откако инцидентот стана вирален, цела држава и сите граѓани се згозени од однесувањето на советникот Акиов, кој е коалиционен партнер на СДСМ. Социјалните мрежи зовреа, а граѓаните прашуваат зошто овој лик не е веќе зад решетки.

Инцидентот со остра осуда од страна на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ силно го осудува насилието кое денес го демонстрираше кочанскиот функционер на СДС. Овој советник може да се види во прегратките на Венко Филипче и на заеднички фотографии со него. Бараме СДС и Венко Филипче да се оградат од неговото однесување и истиот да си поднесе оставка од член на Советот на Кочани. Ова е срамно и дрско однесување. СДС е сол на раните на кочанчани и бескруполозно ги злоупотребува нивните судбини.

И додека од СДСМ обвинуваат дека истрагата за пожарот во Кочани тапка во место, истрагата ја води обвинител кој е избран во времето на СДСМ.

Така што паѓаат воо вода сите досегашни обвинувања од опозициската партија, ако се има предвид, колку луѓе досега се обвинети, а меѓу нив има обвинети  од најниски до највисоки ешалони, има обвинети и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ и од ДУИ.