Тимот на Јута Џез остана без својот клучен играч откако крилниот центар Лаури Марканен се здоби со скршеница на десната рака. Поради оваа повреда финскиот кошаркар ќе мора да отсуствува од паркетите најмалку еден месец.

Медицинските прегледи покажаа дека станува збор за скршеница без изместување на коската на раката. Марканен веќе ги пропушти претходните два натпревари на неговата екипа, но точната дијагноза и сериозноста на повредата беа детално утврдени по дополнителните лекарски контроли.

Марканен во тековната сезона настапи на вкупно осум натпревари за Јута Џез, забележувајќи просек од 18 поени, 6,8 скока и две асистенции по меч, со процент на реализација од поле од 38,9 насто.