Во сообраќајна несреќа кај Свети Николе едно лице се здобило со тешки телесни повреди, неколку со полесни
На регионалниот пат Р-1204 кај Свети Николе вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која пет лица се повредени, меѓу нив и една жена со тешки телесни повреди.
Според информациите на полицијата, несреќата се случила на 23 август 2025 година во 17:05 часот, кога се судриле патничко возило „Фолксваген голф“ со светиниколски регистарски таблички, управувано од С.С. (30) од село Ерџелија, и патничко возило „Шкода“, исто така со светиниколски регистарски таблички, зад чиј волан бил Д.Ф. (38) од село Мустафино.
Во судирот тешки телесни повреди добила сопатничката во „Шкодата“, С.Ф., а возачот Д.Ф. заедно со сопатниците Е.С., С.С. и З.С. се здобиле со полесни телесни повреди.
Повредените лица биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде биле констатирани нивните повреди. Надлежните органи работат на целосно документирање на случајот со цел да се утврдат причините за несреќата.