Тешка сообраќајка во Гостивар – петгодишно дете повредено во судар со „Голф“

На 15 август 2025 година во 12:45 часот, во Гостивар на крстосницата од улица „ЈНА“ со улица „101“, се случила тешка сообраќајка во Гостивар, во која учествувале патничко моторно возило „Голф“ со гостиварски регистерски таблици и електричен тротинет управуван од петгодишно дете од Тетово.

Возилото го управувал Б.Б.(66) од Гостивар. Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

Увид на лице место извршила екипа при ОВР Гостивар.