Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево – тројца повредени, меѓу нив и возач од Скопје

На 18 август 2025 година, на магистралниот пат Охрид-Кичево, веднаш по влезот за село Ботун, се случи тешка сообраќајна несреќа на патот, во која учествуваа четири возила: патничко „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф.(50) од Холандија; товарно возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(25) од с.Студеничани, скопско; патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(74) од Скопје; и патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(48) од с.Лескоец, охридско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч.(71), додека сопатничката во патничкото возило „рено“, В.Т.(48) од с.Лескоец, охридско, се здобила со телесни повреди. Повредените биле пренесени и констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.