Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Н.И.(44) од с.Глумово, скопско и патничко возило „смарт“, управувано од О.А.(23) од с.Буковиќ, скопско, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата, сопатникот во возилото „ауди“, М.И.(77) од с.Глумово, се здобил со тешки телесни повреди, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.