Возач на мотоцикл од Скопје заврши на клиника откако бил удрен од ауди при што се здобил со тешки телесни повреди.
Несреќата се случила вчера неколку минути пред 15 часот на влезот на скопската општина Аеродром, при што ауди со прилепски регистарски таблици удрило во мотоциклот, во кој бил повреден Д.К., возач на мотоциклот.
– На 15.08.2023 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Јане Сандански“ и ул.„Владимир Комаров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(54) од Прилеп и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(58) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје – се наведува во билтенот на МВР.