На 02.02.2023 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје, товарно моторно возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(40) од с.Богомила, велешко, удрило во пешакот Б.М.(92) од Скопје, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., по што била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им подлегнала на повредите.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.