Неколку лица се пренесени во болница со Брза помош, по судир помеѓу три автомобили и шлепер, пишува „Макфакс“.

Несреќата се случила во близина на Зајас. Сообраќајот е закочен, а екипи на полицијата се на терен.

„Има сообраќајка во близина на Зајас. Помеѓу три патнични возила и шлепер. Има неколку лица пренесени во болница. Карактерот на повредите засега не е познат“, изјавил Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид за „Макфакс“.

Засега не се познати ниту причините за несреќата.

Екипите на МВР се на терен каде се врши увид.