Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на патот Штип-Скопје, информира АМСМ. Сообраќајот е пренасочен по стариот пат.

Сѐ уште нема официјални информации од МВР за сообраќајката, ниту за повредени.

„Поради случена сообраќајна незгода од 20.20 часот сообраќајот Штип – Скопје е пренасочен по стариот пат“, стои во кусото соопштение од АМСМ.