На крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Македонија“, на место викано „Рампа“ во Скопје синоќа се случи се сообраќајна несреќа во која има двајца повредени. Се судриле две возила со скопски регистарски таблички.
Повредени се двајцата возачи. Едниот, 48-годишен скопјанец со тешки телесни повреди е пренесен на Коплексот клиники „Мајка Тереза, додка возачот на другиот авотмобил 38 годишен, исто така од Скопје со повреди е однесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.