Еден човек загина и 20-на се повредени во собраќајка на автобус и камион на Обреновачкиот пат меѓу белградските населби Остружница и Умка, јавија српските медиуми.
Несреќата се случила околу 08:00 часот, и во неа се повредени 20-на патници.
На терен се екипи на брза помош, сообраќајна полиција и пожарникари, пренесе Бета.
Во сообраќајната несреќа што се случи утринава околу 7 часот и 50 минути во Умка на Новиот обреновачлки пат во која учествуваа камион и автобус, загина едно машко лице, додека 14 лица се пренесени во Ургентниот центар. соопшти МВР на Србија.
Итната медицинска помош соопшти дека петмина од повредените се во критична состојба.
Припадници на МВР на Србија се на терен, а сообраќајот се насочува кон стариот Обреновачки пат.