ИДФ: Новиот напад вклучува ракети тешки за пресретнување
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека во најновиот ирански напад врз северниот дел на Израел биле употребени ракети со повеќе боеви глави. Според воените власти, оваа технологија значително ја отежнува можноста за пресретнување на ракетите во лет.
„Ракетите со повеќе боеви глави се многу тешки за пресретнување“, наведуваат од ИДФ, без да навлегуваат во дополнителни технички детали.
NBC News објавува дека само 65% од иранските ракети биле пресретнати од израелскиот систем „Железна купола“ во изминатите 24 часа — што претставува нагло опаѓање во однос на речиси 90% пресретнување претходниот ден, според висок израелски разузнавачки извор.
Поновите и побрзи ракети на Иран му го преполовуваат времето за реакција на Израел — од досегашни 10 до 11 минути, на само 6 до 7 минути. Овие ракети се и поточни, благодарение на напредните системи за навигација и насочување.
Истрелани најмалку 10 ракети врз северен Израел
Првичните информации укажуваат дека Иран истрелал најмалку десет ракети во правец на северниот дел од израелска територија. Точната штета, како и потенцијални жртви, засега не се наведени од израелските воени извори.
Сирените за воздушна опасност биле активирани во Хаифа и северниот регион, по што жителите веднаш биле упатени во засолништа.
Откако опасноста од непосредна закана била проценета како помината, израелските власти дозволиле на жителите на Хаифа и околните места да ги напуштат засолништата. Алармниот систем за воздушен напад бил деактивиран откако последната закана поминала.
Ситуацијата и натаму останува напната, додека се очекуваат дополнителни информации од израелските безбедносни с