На 02.08.2022 во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„9“ во општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа“, управувано од В.С.(25) од Скопје и мопед, управуван од Ф.М.(21) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

-По несреќата Ф.М. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.