Вчера вечерта околу 20.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(63) од Куманово и мотоцикл „ктм“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(18) од Куманово.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.