На 15.08.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Методија Шаторов-Шарло“ со ул.„Пандил Шишков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од Ј.О.(19) од Скопје и мотоцикл „пиаџо“, управуван од О.С.(43) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.