Вчера околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“, во автобус на ЈСП, при возење паднал патникот Ж.Г.(72) од Скопје.
По несреќата, Ж.Г. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.