На 20.11.2022 во 16.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ќемал Сејфула“ и ул.„Павле Илиќ“ во Скопје, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Ш.(32) од с.Чифлик, скопско, удрило во О.М.(73) од с.Љуботен, скопско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.