Дваесет и шестгодишната гевгеличанка Ц.М. била тешко повредена во сообраќајна несреќа што денеска се случила на релација Демир Капија-Миравци.
Ова го потврди за МИА, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Тој појасни дека во незгодата, возилото со коешто управувала гевгеличанката, удрило во банкина.
По несреќата, повредената девојка била пренесена во скопската болница ,,Мајка Тереза”.