Несреќата се случила на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, кога патничко моторно возило „пежо боксер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(26), удрило во жената – пешак и го напуштило местото, но подоцна било пронајдено.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила вчера, во 10.15 часот, а повредената била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.