Малолетен пешак е тешко повреден откако во него удрило патничко моторно возило „ауди“, соопшти полицијата.
Несреќата се случила вчера на улицата „3“ во скопското село Трубарево, а била пријавена попладнето околу 18.00 часот. „Аудито“ имало скопски регистарски ознаки и го управувал скопјанецот С.Ј. (28).
Според МВР, малолетникот е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде му се констатирани повредите.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.