На 03.11.2021 во 16.00 часот во СВР Тетово, А.М.(52) од село Присојница, Тетовско, пријавил дека во нива пронашол две неексплодирани рачни бомби.

Бомбите се од италијанско производство, со потекло од Втората светска војна. Извршен е увид, а бомбите биле безбедно подигнати од Дирекцијата за заштитита и спасување.