Тетовчанец остана без своето „Порше“
На булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го уапсија Р.И.(27) од тетовското село Требош.
– При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреа патничко возило „порше“ и е констатирано дека Р.И. го управува возилото без возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, извести полицијата.
Откако започна Сејф сити полицијата има редовни контроли и одземање на возила.
ВОЗЕЛ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА: Уапсен 18-годишник од гостиварско, возилото одземено
