Иницијативата „Тетово сака парк“ со нова идеја до локалната власта како да се подобри животната средина во градот, а притоа да биде уреден и дел од јавниот простор. Според нив, таква можност има за дел од кејот на реката Пена.
-Секој потенцијал за унапредување на животната средина и уреденост на јавниот простор треба да биде искористен. Во прилог фотографија од десната страна на кејот на река Пена, каде се гледа огромен широк простор обраснат во трње, кој може да се израмни, да се подигне тревник и да се засадат над 50 високостеблести дрвја. Пролетта е нова можност, потенцираат од „Тетово сака парк“.
Оваа граѓанска иницијатива која се залага Тетово да добие парк обраложи дека градот зелен простор поголем од еден хектар што е минимум за една површина да се нарече парк. Оваа иницијатива предлага пренамена на четири урбани блокови со намената Д – за зеленило и рекреација со што би се добиле максимални 16 хектари прв градски парк