Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски истакнува дека лицата се лишени од слобода поради сомнение дека Ј.И. претходно физички ги нападнал неговата поранешна 38-годишна сопруга и малолетниот син, а И.И. ги навредувал и со себе имал пиштол.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
-Нешто подоцна, пак, Ј.И ги пријавил поранешната сопруга и синот дека го навредувале и дека по него фрлале со тврди предмети, додава Јосифоски.