СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица, во два одвоени случаи, за сторена измама.
Во првиот случај пријавата е поднесена против 41 годишната А.А. од Тетово која минатата година на 44-годишен тетовец лажно му се претставила како вработена во МВР, а во исто време времено вработена и во странска амбасада, по што му ветила дека ќе му заврши работа за добивање на виза и му побарала да ѝ плати 800 евра.