Тетовo делумно без струја поради дефект во трафостаница „Тетово 1“
Дел од корисниците во Тетово попладнево останаа без електрична енергија поради дефект на 110 kV трафостаницата „Тетово 1“, соопшти Електродистрибуција.
Прекинот започнал околу 16 часот, а екипите на Електродистрибуција веќе се на терен и интензивно работат на лоцирање и отстранување на дефектот, со цел што побрза нормализација на снабдувањето.
Од компанијата информираат дека дополнителни детали ќе бидат соопштени по завршување на интервенцијата.
