Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Општина Гевгелија одговори на одбиената лидерска средба од Венко Филипче. Мицкоски вели дека е разочаран и вели дека очекувал зрелост и широчина од опозицијата.
Јас мислев дека со повикот за лидерска средба ќе покажеме зрелост и широчина и на тој начин ќе можеме како политички чинители да се обединиме барем сите ние парламентарни политички партии и коалиции кои имаме пратеничка група во рамки на Собранието. Тема на лидерската средба не беше само законот за влада бидејќи ако ние одлучиме така да се однесуваме незрело и неодговорно како што тој се однесува и генерално опозицијата нас и не ни е потребно лидерска средба, рече Мицкоски.
Потсети дека власта има убедливо мнозинство во Собранието.
Ние можеме со 61 глас во парламентот да го смениме законот за влада и да ја избришеме техничката влада. Не ни е потребно мислењето на опозицијата. Но, ние сакаме процесот да биде инклузивен. И покрај тоа што имаме огромно мнозинство на градоначалници, речиси 90 отсто се градоначалници од владината коалиција, речиси двотретинско мнозинство во парламентот. Ако сакавме да се однесуваме незрело како нив, можевме тоа да го направиме и без лидерска средба. Сакав на таа средба да поразговараме и реформските закони, а меѓу нив се: изборниот законик, законикот за Јавно обвинителство, законот за Судски совет, уште други четири закони во редот на правосудството, тоа е Законот за јавнообинителска и судска служба, совет на јавни обвинители, Судски совет. Ценев дека треба во еден инклузивен процес да донесеме закони и покрај тоа што имаме големо мнозинство, додаде премиерот Мицкоски.
Тој заклучи дека опозицијата барала лидерска средба, а сега власта им ја понудила тие ја одбиваат.
За жал имаме неодговорна, неконструктивна и безидејна опозиција. Како што и денеска ги слушнавме на прес-конференција гледам дека е составен дел од менаџерски договор во СДСМ во овој момент. Тука спаѓаат и ваквите навреди кон Владата и да се одбиваат вакви средби. Тоа е негов избор, а ние сепак формално ќе доставиме вакви покани. Тие бараа лидерска средба, а сега кога им ја понудивме ја одбиваат, заклучи премиерот Христијан Мицкоски.
Претходно, Венко Филипче ја одби понудата од премиерот. Повеќе прочитајте од веста во продолжение:
ФИЛИПЧЕ ОДБИ ЛИДЕРСКА СРЕДБА СО МИЦКОСКИ: Одби и укинување на техничката влада
