Пронајдени се двете црни кутии се пронајдени на местото на несреќата на Ил-76 во регионот на Белгород. На местото на падот на рускиот транспортен авион Ил-76 во Белгородската област се пронајдени црни кутии, кои се во добра состојба, јавуваат руските медиуми.

Откриени се и двете црни кутии – уред за снимање параметри на летот и диктафон“, тврди изворот.

Тој истакна дека рекордерите на летот биле во задниот дел на авионот и веќе биле предадени на истражителите.

Во средата, на 24 јануари, руски воен транспортен авион Ил-76, кој превезуваше 65 украински затвореници на размена, се урна во регионот на Белгород. Во авионот имало и шест членови на екипажот и тројца придружници. Никој не преживеа.

Како што нагласи гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, екипажот постапил професионално и несебично и по цена на сопствените животи го пренасочиле авионот подалеку од селото Јаблоново, па нема повредени цивили.

Киев и Москва во клинч за падот на рускиот авион во Белгород: Многу непознаници ја отежнуваат истрагата

Руската војска тврди дека пред падот снимила лансирање на два противвоздушни ракети од територијата на регионот Харков.

Министерството за одбрана нагласи дека Киев знаел за транспортот на украинскиот воен персонал за претстојната размена.

Украинската страна потврди дека требало да се случи размена на затвореници.