Тиквеш оствари добивка и со раст на приходите за 2% во првите шест месеци
Тиквеш оствари добивка од 132,2 милиони денари во периодот од јануари до јуни 2025 година, што е речиси исто како и минатата година. Финансиските податоци се презентирани во Образложението кон финансискиот извештај доставен до Македонската берза. Истовремено, вкупните приходи на винарската визба се зголемиле за 2% во однос на истиот период во 2024 година.
Бруто добивката достигна 712,7 милиони денари, додека оперативната добивка изнесува 181,8 милиони денари. Од Тиквеш информираат дека трошоците за администрација се зголемени за 7%, додека оние за продажба и маркетинг се намалени за 3%. Останатите оперативни расходи остануваат на исто ниво како лани.
Нема промени во кредитната изложеност и сметководствените политики
Во првото полугодие од годинава, „Тиквеш“ вложи 3,5 милиони денари во материјални средства. Компанијата не евидентира промени во кредитните задолжувања поголеми од 30%, ниту пак има измени во сметководствените политики или методи на вреднување на финансиските ставки.