Таканаречениот „тим за санкции“ од САД пристигна во Македонија и ќе врши „поагресивен“ увид во корупцијата на бивши и сегашни функционери. Ова на „Твитер“ го објави американската амбасадорка Анџела Агелер.

Тимот за санкции од Вашингтон е тука за да направи поагресивен увид на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На македонскиот правосуден сектор му требаат повеќе истраги и гонење, за да се покаже дека никој не е над законот, напиша Агелер на Твитер.

Ова следува неколку дена откако Габриел Ескобар, заменик-помошник на државниот секретар на САД, изјави дека американските санкции за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека САД ќе продолжат со санкционирање корумпирани функционери од регионот.