Вечерва во Само Интервју ќе гостува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски.
На емисијата ќе се зборува за следните прашања:
Зошто опозицијата е категорично против уставни измени и дали евентуалното доаѓање на власт може да ги предомисли?
Кога и како би ги почнале преговорите со ЕУ, ако не со францускиот предлог и почитување на договорите со Грција и Бугарија?
Дали реконструкцијата и дефинитивно ја затвори темата за предвремени избори?
Освоени гласови или коалициски потенцијал, што е поважно за да се дојде на власт? Анти-стрес терапија „без вратоврски“ или реформи и вработувања, што им е потребно на граѓаните?
Дали градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја оправдаа довербата на граѓаните?
Вечерва во Само Интервју, гостин на Гоце Михајлоски е Тимчо Муцунски, по вестите во 18.