Разговорот ја потенцира добрососедската соработка и билатералните иницијативи

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски.

– Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата, изјави Муцунски.

Во разговорот, тој истакна дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.

– Воедно, иницирав билатерална средба која би се реализирала во наредниот период, додаде министерот.

Средбата има за цел унапредување на дијалогот и соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија на дипломатско и билатерално ниво.