Тимот на Клиниката за гинекологија отфрла одговорност за случајот со 39 годишната родилка, која почина синоќа од тешките повреди со кои се здоби при скок од прозорец на ГАК неколку дена по породувањето, пренесува Република.
Иако Државниот здравствен и санитарен инспекторат со вонредниот инспекциски надзор по несреќата, констатираше пропусти и издаде решение за утврдување одговорност кај здравствените работници кои не обезбедиле психијатар за родилката иако во два наврати таа покажала вознемиреност, сепак од Клиниката за гинекологија велат дека презеле се.
На инспекторите ќе им одговорат следната недела.