Двајца пешаци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје, кога 17-годишен малолетник од Косово, управувајќи „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, удрил во 18-годишниот С.И. и 17-годишна малолетничка од Скопје.

Несреќата се случила на крстосница во населба Чаир

Според информациите од СВР Скопје, несреќата била пријавена на 15 февруари околу 22:00 часот, а се случила на крстосницата меѓу улиците „Дринска“ и „Галичица“.

Во несреќата:

  • 18-годишниот С.И. се здобил со тешки телесни повреди и е згрижен во болницаа
  •  17-годишната девојка има полесни повреди, а лекарите во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ ѝ укажале помош.

По пријавата, увид извршила екипа на СВР Скопје, а повеќе детали за случајот се очекуваат по истрагата.

Неофицијално, се испитува дали малолетникот од Косово имал соодветна дозвола за управување со возилото и под какви околности се случил инцидентот.