Синоќа во 19.15 часот во дом во Охрид на улица Железничка дошло до семејна расправија помеѓу татко и син. Според неофицијалните информации, најнапред таткото го удрил синот, а потоа 18-годишниот син му возвратил на својот татко повредувајќи го со нож во пределот на телото.

Екипа на СВР-Охрид извршила увид на настанот и момчето било повикано на информативен разговор во полициската станица. Полицијата работи на расчистување на случајот.