Шеснаесетгодишно момче од Долац, кај Зеница е тешко повредено откако негов другар го погодил со куршум испукан од пушка.
Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон соопшти дека се се случило синоќа околу 21 часот и 30 минути кога С.В. и М.А. ја пронашле пушката.
Во таа прилика С.В испукал еден истрел од пушка, по што куршумот се одбил од ѕидот и го погодил во грбот младиот М.А.
По овој трагичен настан М.А., бил пренесен во кантоналната болница Зеница, а потоа во Сараево, каде му била извршена операција поради повреди опасни по живот.
Истрагата ја спровеле припадници на Одделот за криминалистичка полиција на Управата на полицијата, а истрагата е во тек, по што ќе бидат познати сите детали за овој настан.