Ако потфатот успее, девојката ќе биде најмладата личност која со мало воздушно летало го обиколила светот и најмладата жена која го сторила тоа. Сегашниот светски рекорд го држи Шајста Вајз која го заврши своето патување на 30-годишна возраст.
Радерфорд се надева дека на овој начин ќе им го отвори патот на девојчињата и жените во областа т.н. СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика) и ќе ги инспирира другите да ги следат нејзините стапки.
– Сакав да летам низ светот, нека ме видат девојките и да си помислат – „би сакала и јас да летам еден ден“… Во авијацијата, постои разлика меѓу мажите и жените. Значи, мојата цел е да се доближам до рекордите, а потоа се надевам дека другите девојки ќе се обидат да го надминат мојот рекорд и ќе почнат да се натпреваруваат со момчињата!, додава таа.
Родителите на Зара, Беатрис де Смет и Сем Радерфорд, и двајцата се пилоти. Но, мајка ѝ имала „измешани чувства“ кога ќерка ѝ ѝ ги соопштила своите намери.
– Ми требаше време „да го сварам“ тоа… Но, сега сум многу горда и целосно, потполно ја поддржувам, вели Де Смет.
Тинејџерката ќе го финансира патувањето сама и со помош на спонзор, па се надева дека ќе го заврши патувањето за околу два до три месеци.