Точно 48 часа по ужасот во Тетово, Заев го нема во јавноста со одговори за несреќата, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.
Два дена Заев молчи и бега да поднесе оставка за да ја ослободи истрагата од влијание кое ќе попречи на нејзината објективност и неутралност. Оставката на Филипче не е доволна и истрагата ќе успее само Заев ако си поднесе оставка. Досегашното криење на Заев ни дава причини да веруваме дека се одвива процес за заташкување на доказите и прикривање на одговорноста. Затоа брзо оставки, за објективна истрага и одговорност, побараа од партијата.