Денеска точно напладне со свечена изјава во Собранието професорката Гордана Силјановска-Давкова и официјално ќе биде инаугурирана како претседателка на државата, откако победи во вториот круг претседателски избори во Северна Македодонија на 8 мај.

Со свечениот чин на положување заклетва почнува да тече нејзиниот петгодишен претседатлски мандат во вилата „Водно“, како шести претседател на Северна Македонија.

Силјановска-Давкова на функцијата ќе го наследи досегашниот претседател Стево Пендаровски, чиј мандат истекува денеска.

Инаугурацијата на новизбраната претседателка ќе биде во рамките на 151. Седница на Собранието, на која давањето свечена заклетва ќе биде единствената точка на дневниот ред.

По свеченоста во Собранието, според најавата, во Кабинетот на претседателот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки државни и воени почести.

По церемонијата, новоизбраната претседателката Гордана Силјановска-Давкова и претседателот Стево Пендаровски, кој беше и нејзин противкандидат во трката за шеф на државата ќе имаат тет-а-тет средба.

Државната изборна комисија(ДИК) ги објави конечните резултати од изборите, соред кои Силјановска-Давкова победи со мнозинство од гласовите, односно 561. 000 глас, додека нејзиниот противкандидат, професорот Стево Пендаровски освои 251. 899 гласови.

По седницата, претседателот на ДИК, Александар Даштевски на Силјановска-Давкова ѝ го предаде уверението за избор на претседател на државата и во име на Комисијата ѝпосака успешен мандат.

Гордана Сиљановска Давкова, универзитетска професорка по уставно право и политички систем, е прва жена претседателка на Северна Македонија.